Антиќ сè уште без противкандидат, Наумоски се двоуми

Перо Антиќ на еден час пред почетокот на Изборното собрание на Македонската кошаркарска федерација е единствен кандидат за нов претседател.
Владимир Темелковски кој сè уште е спортски директор на МКФ и ја најави кандидатурата, еден ден пред Собранието одлучи да се повлече од трката.

Актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски сè уште не се изјаснил дали од делегатите на собранието ќе бара нов мандат и тоа го става Антиќ засега како единствен кандидат за нов предводник на МКФ.

Според најновите измени во актите, секој клуб може да даде поддршка за кандидатура на неограчичен број кандидати, а тоа теоретски значи дека може да има онолку претенденти за престолот колку што има членки Собранието. Но, на гласањето ќе може да поддржи само еден од кандидатите.

Изборното Собрание на МКФ ќе се одржи во просториите на „Сквер 21“ (поранешно кино Вардар) со почеток во 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот