Антиќ сè уште без противкандидат, Наумоски се двоуми
Перо Антиќ на еден час пред почетокот на Изборното собрание на Македонската кошаркарска федерација е единствен кандидат за нов претседател.
Владимир Темелковски кој сè уште е спортски директор на МКФ и ја најави кандидатурата, еден ден пред Собранието одлучи да се повлече од трката.
Актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски сè уште не се изјаснил дали од делегатите на собранието ќе бара нов мандат и тоа го става Антиќ засега како единствен кандидат за нов предводник на МКФ.
Според најновите измени во актите, секој клуб може да даде поддршка за кандидатура на неограчичен број кандидати, а тоа теоретски значи дека може да има онолку претенденти за престолот колку што има членки Собранието. Но, на гласањето ќе може да поддржи само еден од кандидатите.
Изборното Собрание на МКФ ќе се одржи во просториите на „Сквер 21“ (поранешно кино Вардар) со почеток во 12 часот.