Антиќ го екипира тимот со кој ќе ја предовди КФСМ

Новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ ги избра најблиските соработници со кои во наредниот период ќе ја предводат федерацијата. На првиот состанок на новиот Управен одбор на КФСМ го избра Тодор Гечевски, за нов спортски директор, додека Владимир Георгиевски е назначен за нов генерален секретар. Гечевски и Георгиевски беа дел од тимот на Антиќ во кампањата за избор за претседател на КФСМ.

Тие доаѓаат на местото на Владимир Темелковски и Моника Гавриловска кои беа дел од тимот на поранешниот претседател, Петар Наумоски.
Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Дејан Димов е избран за прв потпретседател, додека назначувањето на Бали Саити за втор претседател кој ќе биде задолжен за финансиите и марткетингот е одложено до завршувањето на плејфот во домашниот шампионат.

На состанокот на Управниот одбор беа разрешени и членовите на сите комисии на УО.
Нов комесар за натпреварување е Лазар Гечевски, а одговорен за младинските лиги ќе биде Томче Дишлиев.
Следна задача на УО е формирањето и на новиот Стручен совет по што ќе следува и избор на селектори во младинските категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот