Антифа прогласена за домашна терористичка група во САД

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW 

Американското Министерство за правда одлучи да ја третира Антифа како домашна терористичка група, соопшти синоќа Белата куќа.

Портпаролот на Белата куќа, Кејли МекКени, на брифинг изјави дека има доволно докази дека Антифа е одговорна за насилството за време на протестите во градовите низ САД што избувнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во минатонеделната брутална полициска операција.

Мекени додаде дека дополнителни федерални сили ќе бидат распоредени низ САД како одговор на протестите, пренесе „Гласот на Америка”.

Таа истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретна со министрите за одбрана и правда, Марк Еспер и Вилијам Бар, со кои разговарал за ангажманот на дополнителни безбедносни сили.

Трамп на Твитер вчера се закани дека САД ќе ја прогласи Антифа за терористичка организација.

Антифа, како што објаснува „Гласот на Америка”, е акроним за антифашистичкото политичко движење чии политички верувања се втемелени во идејата на левицата, а понекогаш и на екстремната левица.

Нивните политички активности вклучуваат поддршка на населението за кое тие сметаат дека е обесправено и се спротивставуват на збогатувањето на корпорациите.

Некои организации кои припаѓаат на овој корпус на идеи користат милитантна тактика за ширење на нивните верувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот