Анти-ваксер терорист во Холандија се обиде да разнесе центар за вакцинација, полицијата го спречи

Фото: EPA/Piroschka van de Wouw

Холандската полиција спречи напад врз центар за вакцинација во градот Ден Хелдер. Според тамошните медиумски агенции, полицијата уапсила 37-годишен маж под обвинение дека планирал да изврши терористички напад.

Мажот, наводно, имал намера да постави експлозивна направа во центарот со цел да ја саботира вакцината, но тој бил спречен да го стори тоа

Јавното обвинителство соопшти дека целиот случај го третираат како терористички акт со цел заплашување на населението и дестабилизација на економските и социјалните структури во земјата.

Холанѓаните во јануари во неколку наврати протестираа поради епидемиолошките мерки и затворање, а исто така беа забележани и напади врз центри за тестирање.

Извор: Курир.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот