Анти-ковид мерка: Црна Гора од денеска до 8 декември под „полициски час“

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Угостителските и услужните објекти во Црна Гора од денеска ќе работат од 7 до 18 часот, додека од 19 до 5 часот наутро ќе важи забраната за напуштање на домовите.

Мерките ќе се применуваат до 8 декември, соопшти Националното координативно тело за инфективни болести (НКТ).

НКТ ги повика граѓаните целосно да ги почитуваат сите мерки, бидејќи тоа е единствениот начин за борба против ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот