Анте Гаџа и официјално доаѓа во Вардар! (ВИДЕО)

фото: СЕХА Лига

Хрватскиот плејмејкер потпиша договор на две години со „црвено-црните“.

Како што информира хрватскиот веб портал „24sata.hr“, Анте Гаџа (28) од следната сезона ќе ги брани боите на македонскиот и европски шампион.

Тоа што со денови се најавуваше, тоа сега доби и потврда. Хрватскиот ракометар кој игра на позицијата среден бек, го напушти ППД Загреб и сега може да се фокусира на „црвено-црните“ бои.

Изворот вели дека плејмејкерот потпиша договор на две години за Вардар.

Вардар после заминувањето на Сташ Скубе бараше некој на мојата позиција. Му се јавија на мојот менаџер кој ме праша дали би сакал да одам таму и реков: Секако! Реков дека би сакал да дојдам, бидејќи Вардар е европски шампион и тоа е уште еден чекор напред во мојата кариера – рече Гаџа.

Новото засилување очекува воедно Вардар да биде повторно оној стариот кој ќе доминира на терените.

Многу играчи останаа и ги продолжија договорите, така што се надевам дека ќе успешна сезона и дека ќе ги исполниме целите кои новиот газда ќе ни ги постави. Со Загреб се разделив во одлични однови. Ја разбираат мојата одлука и ми посакаа среќа. Можам само да кажам дека би беше навистина убаво во дресот на ППД Загреб – додаде Гаџа.

Оваа сезона во ЛШ постигна 40 голови, а пет сезони играше и за Нексе во ЕХФ купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот