Ансу Фати: Го живеам својот сон, играм со Меси

epa08188937 FC Barcelona's Ansu Fati (front) celebrates with teammate Lionel Messi after scoring during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and UD Levante played at the Camp Nou stadium in Barcelona, Spain, 02 February 2020. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати, брилјираше на стартот од сезоната постигнувајќи два гола во победата над Виљареал.

Иако сите очи беа вперени во Лионел Меси кој цело лето беше во отворена „војна“ со претседателот на тимот, Хосеп Марија Бартомеу, бидејќи не му беше дозволено да си замине од „Камп Ноу“, во убедливиот триумф од 4:0 над Виљареал блесна тинејџерот Ансу Фати.

Ла Лига: На теренот нема проблеми за Барселона, ја потопија „жолтата подморница“ (ВИДЕО)

По натпреварот, Фати кој немаше ниту две години кога Лионел Меси во 2004 година дебитираше за Барселона, изјави дека отсекогаш сакал да се угледа на својот идол.
Играњето заедно со Меси за мене е сон. За вакво нешто сонував уште кога бев дете и сега го живеам сонот, играм со Меси – изјави 17-годишниот Фати.

Тинејџерот минатата сезона веќе успеа да му собори еден рекорд на Меси, стана најмлад стрелец во историјата на Барселона.

Сакам да напредувам секој ден, да продолжам да учам од своите соиграчи бидејќи тие се најдобри на светот и секој ден ми помагаат да напредувам – додава Фати.

Пофални зборови за тинејџерот имаше и неговиот тренер Роналд Куман, кој откри дека бил малку разочаран од играта на Фати на пријателскиот натпревар против Елче, но дека бил одличен против Виљареал.

– Го критикував по натпреварот со Елче, но сека му реков дека одигра одлично. Беше конкретен и го искористи својот квалитет. Тој е млад фудбалер кој мора да игра постојано, а исто така покажа дека има голема иднина – изјави Куман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот