Анонимуси му објавија војна на Маск: Ти си крадец и нарцис

Групата, исто така, го обвини Маск за експлоатација на детски труд во рудници за литиум во странство.

Групата, која тврди дека е дел од движењето „Анонимуси”, повика на војна со Илон Маск, обвинувајќи го основачот на „Тесла”, меѓу другото, за манипулација со цените на крипто-валутите.

„Можеби мислите дека сте најпаметната личност, но сега наидовте на себе рамни”, рече групата во видео порака објавена на каналот „Анонимен јутјуб”, кој има околу 145.000 претплатници и на Твитер профил со повеќе од 5,8 милиони следбеници.

Маск, кој исто така го основаше SpaceX и е третата најбогата личност на светот со богатство проценето на 151 милијарда долари, очигледно го привлече бесот на групата со неодамнешните твитови кои ги намалија цените на биткоинот.

„Милиони мали инвеститори навистина сметаа на своите крипто-валути за да ги подобрат своите животи. „Тоа е нешто што никогаш нема да го разберете затоа што сте родени во украденото богатство на рудникот за смарагди во Јужна Африка и немате идеја низ каква борба минува работничката класа”, велат Анонимуси.

Групата, исто така, го обвини Маск за експлоатација на детски труд во рудници за литиум во странство.

„Уживате во репутацијата на милијардер, бидејќи ја искористивте желбата на многумина од нас да живееме во светот на електричните автомобили и истражувањето на вселената. Но, во последно време, вашата внимателно креирана слика е откриена и луѓето почнуваат да ве гледаат како уште еден нарцисоиден богат човек кој очајно бара внимание “, велат од групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот