Анонимни писма со закана за бомба: Се евакуираат трговски центри во Санкт Петрбург

Околу 30 трговски центри и 35 медицински установи во Санкт Петрбург примиле анонимни закани за подметнати бомби, за Тасс изјави извор од Итната служба.

-Околу 30 трговски центри и 35 медицински установи ги примиле писмата со закана за подметната бомба- изјави неименуваниот извор.

Друг извор за Тасс кажа дека во тек е евакуација во трговските центри Академически и Земчузнаја Плаза.

Очевидци пријавуваат на социјалните мрежи дека е во тек и евакуација во трговскиот центар Мега-Дибенко и други трговски центри.

Заедничката прес служба на судовите во Санкт Петербург претходно информира за евакуација на судовите, откако примиле анонимни писма за закани со подметнати бомби.

Неколку судови веќе продолжија со работа, а ниту една закана со бомба не е потврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот