Анксиозност или депресија? Kако да ја препознаете разликата

Profimedia
Депресија и анксиозност / Фото: Архива на Слободен печат

Анксиозноста е состојба што делува на организмот во целост: на мислите, чувствата и на телото. Анксиозноста може да биде реакција на нешто реално од околината или на нешто замислено. И секако, може да биде и карактеристика на нашата личност ако сме многу педантни, склони кон нагласена грижа, страв и слично.

Проблемот се јавува ако ја доживуваме премногу често и/или премногу интензивно. Анксиозните нарушувања се меѓу најчестите нарушување во светот.

Но, депресијата и анксиозноста често доаѓаат во пар, па 50 отсто од оние што страдаат од депресија знаат што е анксиозност. И полот игра улога, па жените почесто страдаат од овие ментални состојби.

Анксиозноста е постојана загриженост

Кога сме анксиозни, се појавуваат мисли „го губам тлото под нозете“, „ќе полудам“, чувства на страв, паника, напнатост, загриженост, додека на телесен план се појавува потење, треперење, забрзано дишење, главоболка, напнатост во мускулите. „Мислев дека ќе полудам“, „Не можам да престанам да се грижам за она што може да се случи“ – сѐ се тоа сигнали што може да оддаваат анксиозност, појаснуваат психолозите.

Нормално е понекогаш да бидете анксиозни пред голема презентација на работа, но анксиозноста оди многу подалеку од тоа, бидејќи може да влијае врз работата, учењето, емотивните врски и грижата за себе, па може да прерасне во нарушување. Тоа е состојба кога се грижите за нешто постојано – од утро до мрак.

Депресијата е губење надеж

Депресијата може да се нарече и клиничка и депресивно нарушување, а ја одбележува постојана тага, губење надеж и чувство на празнина, кои траат повеќе од две недели. Често се чувствувате како телото да ви е искршено, а душата некаде надвор од вас, појаснуваат психолозите.

Мислите делуваат како корозија и на крајот ве лишуваат од надеж. Овие чувства се реални и лицето не може само да се исклучи од нив. Депресијата ги напаѓа подрачјата во мозокот задолжени за чувството на среќа, задоволство и добро расположение, па тешко е да се пронајде среќа во нешто или на нешто да се посветите.

Депресијата влијае врз расположението

Депресијата е класифицирана како нарушување на однесувањето, бидејќи влијае врз емоционалната состојба, а психолозите наведуваат дека станува збор за когнитивни, физички и емоционални симптоми. Покрај чувството на тага, се јавува и очај, апатија, недостаток на самодоверба, песимизам и чувство на ниска вредност.

Анксиозноста може да биде корен на депресијата

Стресот што го носат ваквите нарушувања секого би го направиле нервозен, па не е чудо што и двете нарушувања како симптом да ја имаат иритабилноста.
Ако депресијата и анксиозноста се во пар, почесто се јавува чувство на недоволно трпение и нервоза, отколку кога е во прашање самата депресија, велат психолозите, кои додаваат дека хормоните на стрес почесто го следат анксиозно-депресивното нарушување, отколку самата депресија.

Правилната дијагноза е најважна

Иако лекувањето може да биде слично, важно е терапевтот правилно да ја идентификува состојбата, со цел на проблемот да му пристапи на добар начин. Анксиозноста и депресијата се препознаваат според симптомите што некој ги проживува, а луѓето што се во депресија често се под стрес, што исто така може да биде поврзано и со анксиозноста која, всушност, е поврзана со немирот. Ваквите заблуди можат да доведат до погрешна дијагноза, особено ако пациентот не знае како добро да ги објасни симптомите, па затоа е важно што е можно поблиску да му објасните на терапевтот како се чувствувате.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот