Анкетите се уште еден доказ дека одлуката во Сенатот за Трамп ги подели Американците

Националното истражување на јавното мнение покажа дека 43 отсто од Американците ја поддржуваат одлуката на Сенатот, што е под водство на републиканците, Трамп да не се отповикува од функцијата, 41 отсто се против оваа ослободителна пресуда, а 17 биле без став, ја пренесуваат британските медиуми анкетата на Ипсос.

Американците се речиси подеднакво поделени, главно на партиска основа, околу ослободителната пресуда на американскиот Сенат за претседателот Доналд Трамп, иако малку повеќе испитаници мислат дека веројатно тој направил нешто погрешно.

Националното истражување на јавното мнение покажа дека 43 отсто од Американците ја поддржуваат одлуката на Сенатот, што е под водство на републиканците, Трамп да не се отповикува од функцијата, 41 отсто се против оваа ослободителна пресуда, а 17 биле без став, ја пренесуваат британските медиуми анкетата на Ипсос.

Трамп беше обвинет дека ја скратил воената помош на Украина за да изврши притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да отвори истрага за еден од демократските лидери и претседателски кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер, како и дека притоа правел се на Конгресот да му ја отежне истрагата.

Но, на прашањето за ослободителната пресуда, 48 отсто од испитаниците одговориле дека Трамп „веројатно е виновен за обвинувањата против него, а Сенатот во тоа го штител”, додека 39 отсто сметале дека претседателот „веројатно е невин, а дека Сенатот исправно одлучил што го ослободил”.

Резултатите од анкетата сугерираат дека некои испитаници сметаат дека дури и доколку Трамп сторил нешто погрешно, тоа не било доволно за негово отстранување од функцијата претседател на државата.

Истражувањето направено врз 1.006 возрасни Американци било спроведено откако Сенатот гласаше со 52:48 за ослободување на Трамп од обвинивањето за злоупотреба на функцијата и и 53:47 за ослободување од обвинувањето за попречување на истрагата на Конгресот.

Сенаторот Мит Ромни беше единствениот републикански сенатор кој гласаше за отповикувањето на Трамп заради обвинувањето за злоупотреба на функцијата, а ниту еден демократ не гласаше за ослободување од било кое од двете обеиненија.

Како и претходните анкети, и оваа ја покажа длабоката поделеност меѓу демократите и републиканците. Првите се залагаа за негово отстранување од функцијата, додека повеќето републиканци ја поддржаа одлуката за негово ослободување од обвиненијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот