Анкети: Португалскиот претседател на прагот да го освои вториот мандат

Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса е на прагот да го освои вториот мандат откако однесе убедлива победа во првиот круг од вчерашните претседателски избори, навестуваат резултатите од излезните анкети.

Според анкетите, Де Соуса (72), поранешен професор по право, популарен како политички коментатор, освои 55,5 до 62 проценти од гласовите, според трите излезни анкети по затворањето на избирачките места.

Поранешната европратеничка, социјалистичката кандидатка Ана Гомеш е втора со 13 до 16 проценти, се наведува во анкетатата на избирачкиот центар на Португалскиот католички универзитет.

Најголемо изненадување е десниот популист, Андре Вентура, кој се најде на третото место со девет до 12 проценти од гласовите, покажа анкетата.

На изборите во Португалија имаше четворица кандидати за претседател.

За да се победи на изборите, потребно е да се освојат повеќе од 50 проценти од гласовите.

Шефот на државата во Португалија нема законодавни овластувања врз парламентот и владата, но има влијателен глас во водењето на земјата, наведувата американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот