Анкети: Американците позитивно ги оценуваат првите сто дена на Бајден

Фото: EPA-EFE/JONATHAN ERNST / POOL

Мнозинството Американци позитивно ги оценуваат стоте дена на претседателот Џо Бајден, покажуваат резултатите од трите нови анкети.

Генерално, анкетите покажуваат дека од 52 до 58 проценти од возрасните во САД позитивно се изјасниле за работата на Бајден, а од 39 до 42 отсто изјавиле дека не се задоволни.

Анкетите покажуваат дека околу 90 проценти од демократите позитивно ја оценуваат работата на Бајден и само 13 отсто проценти од републиканците.

Според анкета на Си-Би-Ес Бајден има највисок рејтинг од 58 проценти, додека според истражувањето на Ен-Би-Си – 53 отсто, додека испитувањето на јавното мислење на Еј-Би-Си и на Вашингтон пост покажува дека од работата на американскиот претседател задоволни се 52 проценти од испитаниците.

Американците се најзадоволни (од 64 до 69 отсто) од справувањето на Бајден со пандемијата со ковид-19, додека над една третина од испитаниците не го одобруваат справувањето на Бајден со миграциската ситуација на границата меѓу САД и Мексико.

Рејтингот на Бајден е многу поголем од на неговиот претходник Доналд Трамп, кој речиси цел мандат имаше поддршка од околу 40 проценти, а ја напушти функцијата со рејтинг од 34 отсто.

Поранешниот американски претседател Барак Обама, чиј потпретседател беше Бајден, имаше рејтинг од 60 проценти, а Џорџ В. Буш – 53,9 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот