Анкета за претседателските избори во САД: Бајден со 10 отсто предност во однос на Трамп

Фото: lexpress.fr

Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, води со 10 процетни поени пред шефот на државата, Доналд Трамп според популарноста меѓу избирачите, вели најновата анкета спроведена од истражувачката служба „Ју гов” по нарачка на телевизијата „Си-Би-Ес“. 

Анкетата, спроведена на точно осум недели пред претседателските избори на 3 ноември, покажува дека за Бајден ќе гласаат 52 отсто од испитаниците, а за Трамп – 42 отсто. Околу три отсто изјавиле дека би гласале и за друг кандидат, а три отсто нема да поддржат никого. 

Притоа се вели дека меѓу поддржувачите на Бајден,  49 процети кажале дека ќе гласаат „главно против” Трамп, а 32 отсто „главно” поради тоа што им се допаѓа поранешниот потпретседател на САД. 

Меѓу оние кои го поддржуваат Трамп, 73 проценти ќе гласаат „главно” поради тоа што им се допаѓа актуелниот претседател, а 18 отсто поради тоа што не им се допаѓа Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот