Анкета за нов Локален акционен план за заштита на животната средина во Скопје

Градот Скопје соопшти дека изработува нов Локален акционен план за заштита на животната средина, па за таа цел изготви анкетен прашалник, наменет за граѓаните на Скопје, заради добивање на потребните податоци, односно лични видувања за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, каде ги гледаат причините за тоа и кои се нивните приоритети за понатамошните активности на градот.

Крајна цел на Локалниот акционен план е постигнување на повисоко ниво на квалитет на животната средина и подобрување на квалитетот на живеење, благосостојбата и здравјето на граѓаните, преку интегрирање на политиката за заштита на животната средина во останатите секторски политики, промовирање на еколошки одржлив пристап во планирањето и делувањето во сите сфери на функционирањето на градот Скопје и иницирање на поголема одговорност во заштитата на животната средина и вклучување на целата заедница во стремежот кон одржлив развој и здрава животна средина.

Ова е веќе трет таков документ, кој претставува најсеопфатен приод кон состојбите и проблемите на животната средина во градот, како и кон насоките, мерките и активностите за нивно подобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот