Анкета за Јуроп електс: ВМРО-ДПМНЕ 42.6 %, СДСМ 36.6 %

Фото: Принтскрин

Ако изборите во Република Македонија се одржат утре, ВМРО-ДПМНЕ ќе извојува убедлива победа со 6 проценти предност пред СДСМ, што е за повеќе од 4% повеќе од претходните парламентарни избори одржани во 2016 година, потврдува анкетата на ИПИС објавена на платформата Јуроп електс.

Анкетата е направена од 14 до 17 септември 2019 година на репрезентативен примерок од 1109 испитаници.

Ако се има предвид дека испитаниците не се поделени по етничка припадност, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во македонскиот блок е повеќе од 10% или изразено во гласови на изборите, повеќе од 100.000 гласа во корист на опозициската партија.

За поткрепа, со истите информации излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред повеќе од еден месец, кој во интервју рече дека јавното мерење на јавното мислење оди во насока на тоа дека поддршката на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува, а поддршката на СДСМ опаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот