12 C
Скопје

Анкета за изборите во Франција во 2022 година: Без заеднички фронт против Мари ле Пен, Макрон би победил во вториот круг

Според резултатите на анкетата што ја спроведе „Харис Интерактив“ за „Комстрат“, Емануел Макрон ќе извојува тесна победа на изборите во Франција во 2022 година и тоа со 53 отсто на гласови во вториот круг наспроти 47 отсто колку што би освоил кандидатот на РН, Мари ле Пен, јави дописникот на МИА.

Истражувањето, пред сè, покажува дека мнозинството на гласачи би одбиле да го „блокираат Мари ле Пен со гласање за Емануел Макрон.

Според истото истражување, 28 отсто од гласачите за претседателот на регионот От-Франс, Ксавиер Бертран, би се определиле за Емануел Макрон, наспроти 21 отсто за Мари ле Пен. Во случај на кандидатура на градоначалничката на Париз, Ан Идалго (социјалист), пола од нејзиното гласачко тело не би се позиционирало во вториот круг, 41 отсто од нејзините гласачи би гласале за Емануел Макрон и девет отсто за Марин ле Пен. Единствениот електорат кој оди главно кај шефот на државата во заминување (51 отсто) би бил оној на екологистот Јаник Жадот. Сепак, пет отсто од неговите приврзаници би гласаче за РН.

Прочитајте и...  „Гласен текстилец" со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

Оваа анкета исто така покажува дека РН ја консолидира својата изборна база: 84 отсто од оние кои гласаа за Мари ле Пен во 2017 година ќе го потврдат својот глас и во 2022 година. Тие дури би биле 90 отсто во случај на кандидатура за претседател на регионот на Ил -де-Франс, Валери Пекрес, на местото на Ксавиер Бертран.

Поврзани вести

ЕУ воведе санкции за официјални лица во Иран: Техеран одговори со прекинување на соработката

Слободен печат

Американската амбасада во Сараево нема да шпекулира за наводни изјави за територијални поделби

Слободен печат

Дачиќ: Не бев близок со семејството Милошевиќ, но не бев предавник

Слободен печат

77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Слободен печат

Лукаревска: Најостро демантирам дека Дејан Смилевски имал каква било допирна точка со МојДДВ

Слободен печат

Рашковски вози џип вреден 74 илјади евра кој не фигурира во неговиот анкетен лист

Слободен печат

Остави Коментар