Анкета за бугарските избори: Разликата меѓу ГЕРБ и „Има таков народ“ е помала од 2 отсто

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Минимална разлика има помеѓу бугарските партии ГЕРБ-СДС и „Има таков народ” покажуваат податоци од анкета на „Тренд” нарачана од „24 часа”, направена помеѓу 11 и 18 јуни врз 1003 лица постари од 18 години.

Според податоците, 6 + 1 формации ќе бидат вклучени во следното Национално собрание.

Според анкетата, ГЕРБ-СДС го задржува првото место со 21,7 проценти, „Има таков народ” забележа благ пораст, бидејќи нивниот резултат достигна 20,2 проценти. Социјалистите остануваат цврсто на третото место со 16,1 процент, на сериозно растојание и од второто и од четвртото.

Четвртата позиција е непредвидлива, според аналитичарите, поради особено блиските резултати на Демократска Бугарија (11,2 проценти) и ДПС (10,9 проценти).

Тренд појаснува дека истражувањата се спроведуваат само на територијата на Бугарија и мобилизацијата од странство веројатно ќе биде одлучувачки фактор за четвртото место на претстојните избори.

Партијата „Исправи се! Мафијата надвор!” во анкетата има пет отсто од гласовите, а „Бугарски патриоти” остануваат многу блиску до парламентарната бариера со 3,9 проценти поддршка од анкетираните. Од нив 48 отсто рекле дека ќе гласаат, 22 отсто – нема да гласаат, а 30 отсто се уште размислуаат дали да гласааат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот