Анкета во пресрет на изборите во Бугарија на 4 април: ГЕРБ ја зголеми предноста пред опозициската БСП на седум отсто

ГЕРБ и натаму цврсто ја држи лидерската позиција/ Фото: МИА

На две недели пред парламентарните избори во Бугарија, бугарската владеачка партија ГЕРБ го консолидира своето водство и покрај пикот на третиот бран од коронавирус.

Дописникот на МИА од Софија јавува дека според последната анкета, не е можно со сигурност да се утврди колку политички субјекти ќе влезат во следниот бугарски Парламент, бидејќи три партии за малку го надминуваат цензусот од четири отсто, а една е под него, но има шанса да го достигне. Сепак, во споредба со претходните анкети, може да има стабилизирање на јавните ставови, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Сова Харис”,

Во последните еден и пол месец, процентот на лицата кои се сигурни дека ќе гласаат на парламентарните избори во Бугарија е зголемен за околу четири отсто и изнесува околу 43 отсто од сите запишани гласачи или околу 2.400.000 гласачи. Други 26 отсто, или околу 1,4 милиони лица, изјавуваат дека има поголема веројатност да гласаат, но сè уште се двоумат. Речиси 10 отсто од сите гласачи во Бугарија велат дека е поголема веројатноста да не гласаат на 4 април поради опасноста од инфекција.

Според добиените резултати, формулата што ги опишува партиите во следниот бугарски парламент е 4 + 3 + 1. Формациите што сигурно ќе бидат присутни на 45-то Бугарско национално собрание се владејачката ГЕРБ-УДФ (30,7 отсто) и опозициската Бугарска социјалистичка партија (23,9 отсто). „Таков народ има” на шоуменот Слави Трифинов ќе има околу 11,9 отсто, Движењето за права и Слободи (11,5 отсто).

Според истражувањето, над цензусот се и Демократска Бугарија (5,6 отсто), ВМРО (4,7 отсто) и „Стани! Излези! ” (4,7 отсто). Под цензусот, но со шанси да се дојде до него со поголема активност се наоѓаат Патриотската коалиција Волја и НФСБ (2,4 отсто).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот