Анкета во Франција: 57 отсто од младите муслимани шеријатскиот закон е поважен од националниот

epa08786497 Muslims leave the Grand Mosque of Paris after Friday prayer, in Paris, France, 30 October 2020. The Imam of the Grand Mosque in Paris has recited a poem for the Republic and France during the Friday prayer. EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Ново истражување на јавното мислење покажа дека дури 57 отсто од младите муслимани кои живеат во Франција, сметаат дека шеријатскиот закон е над националниот закон. Тоа го покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе Францускиот инситут за јавно мислење. Анкетата покажува пораст од 10 отсто во однос на истражувањето спроведено во 2016 година.

Анкета на Францускиот институт за јавно мислење/ Фото: IFOP

Шеријатските закони предвидуваат отсекување глава, распнување како и ампутација на рака на крадците

Шеријат е верски закон на исламот брз основа на Куранот и други извори, а во своите најрадикални форми пропишува смртни казни, каменување, отсекување раце и ограничување на правата на жените.

На пример, Брунеи минатата година спроведе шеријатски закон, според кој, меѓудругото се пропишува смрт со каменување заради прељуба и истополов сексуален однос и ампутација на раце и стапала на крадците.

Според шеријатскиот закон кој се применува во Саудиска Арабија, со смрт се казнува силување, убиство, разбојништво, вооружен грабеж и трговија со дрога. Повеќето злосторства се казнуваат со отсекување глава, а во екстремни случаи и со распнување. Според Европско – саудиската организација за човекови права, во 2018 година во Саудиска Арабија се погубени 143 лица.

Во Јемен исто така на сила е шеријатскиот закон според кој со смрт се казнува прељуба, хомосексуалност и предавство. Повеќето најтешки злосторства се казнуваат со отсекување глава, а во екстремни случаи се применува распнување, за кое владата вели дека е пропишано со шеријатскиот закон.

Дури 66 отсто од младите муслимани се противат на покажувањето верски карикатури во училиштата

Резултатите од споменатото истражување спроведен на репрезентативен примерок од повеќе од 2.500 луѓе (2.034 преставници на целокупната популација и 515 муслимани) се објавени минатиот четврток.

Неколку прашања од анкетата се однесуваа на неодамнешното убиство на наставникот Самуел Пети, кој им покажуваше на децата карикатури на Мухамед како и настаните што следуваа по тоа.

Муслимани се молат во џамија во Париз, 20 октомври 2020/ Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Анкетата на тој начин покажа дека 66 проценти од младите муслимани во Франција се противат на тоа што наставниците им покажуваат карикатури на религиозни фигури. Од друга страна, мнозинството други млади Французи – 75 проценти од нив – сметаат дека наставниците во училиштата треба да покажуваат верски карикатури. Меѓу нив, 80 проценти во истражувањето биле католици.

Испитаниците одговориле и на прашања во врска со организациите Колектив против исламофобија (ЦЦИФ) и Барака Сити, кои беа забранети од францускиот претседател Емануел Макрон заради поттикнување омраза и оправдување на насилство. 65 проценти од граѓаните се изјаснија дека ја поддржуваат забраната на ЦЦИФ, а 76 проценти изјавија дека се за забрана на Барак Сити. Од друга страна, само 34 проценти од младите муслимани го одобриле распуштањето на овие организации.

Исто така, 44 проценти од француските муслимани и 87 проценти од католиците го поддржуваат законот од 2004 година со кој се забранува носење верски симболи во јавните училишта, колеџи и средни училишта. Кога станува збор за законот од 2010 година за забрана за носење бурка на улица и на јавни места, тој е поддржан од 60 проценти од муслиманите и 94 проценти од католиците.

Претседателот на Францускиот институт за јавно мислење Жан – Пјер Сакун рече дека резултатите од истражувањето покажуваат дека треба да се вложат сите напори за секуларизација внатре во образовниот систем бидејќи тоа создава услови за развој и еманципација на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот