Анкета во Бугарија: ГЕРБ на Борисов со предност од само 0,4 отсто во однос на БСП на Радев

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Доколку денеска се одржат избори во Бугарија, пет партии ќе влезат во идниот парламент, а ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов ќе има поддршка од 23,8 отсто од гласачите, додека за БСП на претседателот Румен Радев би гласале 23,4 отсто од испитаниците, покажуваат резултатите од последната анкет на „Тренд”.

Анкетата во септември не покажа сериозна динамика во изборните ставови меѓу гласачите во споредба со анкетата во август. Поддршката за протестите, исто така, останува непроменета (62 отсто ги поддржуваат, а 30 отсто не ги поддржуваат), како и скептицизмот дека тие ќе доведат до оставка. Дури 42 отсто сметаат дека протестите нема да доведат до оставка на владата, а една третина смета дека ќе дојде до таков епилог.

Според анкетата, ГЕРБ ќе добие 23,8 отсто од гласовите, БСП – 23,4 отсто, мало зголемување е забележани кај „Има таков народ” – 15,9 отсто, ДПС е со 10,4 проценти и „Демократска Бугарија” со 9,9 проценти.

Податоците покажуваат дека голем дел од бугарските граѓани не се запознати со темата за нов устав.

На прашањето дали треба да се донесе нов устав на Бугарија, повеќе од една третина одговориле со „Не знам/не можам да проценам”, 29 проценти имаат мислење дека има потреба од нов устав, а 37 проценти дека нема потреба.

Според анкетата, најголема поддршка (83 отсто) е дадена за намалување на бројот на пратеници од 240 на 120.

Податоците се од национално репрезентативно истражување на истражувачкиот центар „Тренд” нарачано од „24 часа” во периодот од 29 август до 5 септември, во кое 1.008 возрасни Бугари биле анкетирани со методот „лице в лице”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот