Анкета: Третина од Британците не би се вакцинирале против коронавирусот

Околу една третина од Британците не би се вакцинирале против Ковид-19 или не се сигурни дека би го сториле тоа, покажуваат резултатите од новото истражување.

Според „Скај њуз”, во однос на оние кои во најголем дел се потпираат на традиционални информативни платформи, учесниците во истражувањето, кои се повеќе се информираат преку социјалните мрежи, биле помалку наклонети да кажат дека ќе бидат вакцинирани.

Во оваа анкета на јавното мислење учествувале 1.666 лица, а шест проценти од нив рекле дека сигурно нема да се вакцинираат.

Десет проценти од учесниците изјавиле дека веројатно нема да го сторат тоа, додека 15 проценти се изјасниле дека не знаат дали би го сториле тоа.

Од друга страна, вкупниот процент на оние кои имаат позитивен став кон вакцинацијата е 69 отсто, бидејќи 38 отсто од испитаниците се изјасниле дека сигурно ќе се вакцинираат, а 31 отсто дека веројатно би го сториле тоа.

Истражувањето е спроведено на барање на Британскиот центар за борба против дигитална омраза, кој исто така објави извештај за ширењето лажни информации за вакцини преку Интернет. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот