АНКЕТА: Швајцарците се против референдум за ограничување на движењето

Швајцарско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Референдумот го покрена екстремно десничарската Народна партија, која е најголема во Парламентот, а гласањето се смета за еден вид швајцарски Брегзит.

Повеќето од Швајцарците се против референдумската кампања што ја започна екстремната десница, барајќи укинување на слободата на движење за граѓаните на Европската унија, покажуваат податоците од најновата анкета на Интернет.

Иако многу граѓани негодуваат на фактот дека странците сочинуваат четвртина од населението во Швајцарија, наметнувањето ограничување на граѓаните на ЕУ би претставувало кршење на билатералните договори со Унијата што и овозможуваат на Швајцарија полесен пристап до единствениот пазар на блокот.

Во мај се очекува обврзувачки референдум за тоа дали Швајцарија треба да ја врати контролата на имиграцијата доколку е потребно, по цена на укинување на Договорот за слободно движење од 2007 година.

Референдумот го покрена екстремно десничарската Народна партија, која е најголема во Парламентот, а гласањето се смета за еден вид швајцарски Брегзит.

Анкетата на јавното мислење на Интернет покажа дека предлогот е поддржан од 35 проценти од анкетираните, 58 отсто се против, додека 7 отсто немаат мислење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот