Анкета: Секој петти Американец загубил роднина или близок пријател за време на пандемијата на ковид-19

Фото: mia.mk

Дури 20 проценти од Американците рекле дека изгубиле роднина или близок пријател како последиица на коронавирусот, покажува новата анкета спроведена од „Асошиејтед Прес“ (АП) и Центарот за јавни истражувања НОРЦ по повод една година од прогласувањето на пандемијата.

Заедниците со обоена популација се потешко погодени од коронавирусот. Така, анкетата покажа дека 30 проценти од Афроамериканците и Хиспанците изгубиле роднина или близок пријател за време на епидемија, додека тој процент кај белците е дури за половина помал и изнесува 15 проценти.

Утврдено е дека се намалува и загриженоста во јавноста за вирусот, како и дека фрустрацијата поради примена на санитарни мерки е изразена дури и од луѓе кои жалат за загубата на некого за време на епидемијата.

Иако вакцините несомнено доведуваат до крај на пандемијата, една третина од Американците немаат намера да се вакцинираат, а таков став пред се имаат помлади луѓе, граѓани без факултетска диплома и републиканци.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД достигна 529.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот