Анкета: Речиси половина од Грците планираат летово да одат на одмор

Плажа Лагониси, Грција / EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Речиси половина од Грците односно 47 отсто планираат летово да одат на одмор, а девет од десет анкетирани ја одбирале Грција за нивна дестинација, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од работилницата за маркетинг „МАРЛАБ” на солунскиот Универзитет „Македонија”, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според анкетата, од оние 47 отсто кои планираат летен одмор, 65 проценти изјавиле дека на одмор ќе одат во август, 20 отсто во јули, а само еден од десет во септември, додека пак половина од испитаниците оцениле дека ќе ги потрошат истите пари што ги потрошиле и лани, јави дописничката на МИА од Атина.

Четворица од десет анкетирани (41 процент) рекле дека ќе потрошат од 301 до 600 евра по лице за летниот одмор, 35 отсто до 300 евра, а останатите над 600 евра.

Од оние 19 отсто кои летово нема да одат на одмор, 36 проценти велат дека причината е финансиска, 32 отсто поради новиот коронавирусот, а 22 проценти поради зголемен обем на работа.

Во однос на тоа колку долго ќе трае летниот одмор, мислењето на Грците е поделено, 17 отсто ќе одморат пет дена, 14 отсто ќе замине една седмица на одмор, 12 проценти рекле дека нивниот одмор ќе трае десет дена, девет проценти одговориле 15 дена.

Како што пренесува грчката новинска агенција, одморот за 46 отсто ќе биде во хотел, 29 проценти ќе замината во нивните викендички, 19 отсто одбираат „Airbnb”, а 14 отсто ќе престојуваат кај пријатели.

Истражувањето на јавното мислење што кое го објави АНА-МПА, било спроведено преку интернет во периодот меѓу 23 и 25 април 2020 година, а учествувале 840 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот