Анкета: Речиси 90 отсто од вработените сакаат да бираат за работа од дома или во канцеларија

Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Речиси 90 отсто од работниците сакаат да имаат избор дали да работат од дома или од канцеларија по укинување на ограничувањата во борбата против коронавирусот. Тие, исто така, сакаат и поголема автономија во однос на работното време, се наведува во истражувањето од страна на компанијата „Циско Системи“ (Cisco Systems).

Пандемијата брзо го смени односот кон работата од дома, покажува студијата, бидејќи две третини од работниците имаат повисока оценка за придобивките и предизвиците на работењето од дистанца.

Иако само пет отсто од испитаниците работеле од дома пред пандемијата, сега 87 отсто од вработените сакаат да добијат можност да изберат каде, како и кога да работат, комбинација на канцелариска работа и работа од дома, се наведува во извештајот на „Циско“.

Потпретседателот на „Циско“, Гордон Томсон вели дека компаниите ќе треба да направат измени за да ги исполнат новите барања на вработените кои, пред сè, им даваат приоритет на ефективната комуникација и соработката.

Тој истакна дека технологијата мора да се користи за да се осигура безбедноста на вработените и заштитата на нивните податоци во работното опкружување, без разлика дали се дома или во канцеларија.

Според него, ова може да вклучува сензори што ја следат топлината и светлината на работното место или технологија што ја проверува социјалната оддалеченост и дали луѓето носат маски во канцеларијата.

– Веќе не станува збор само за поврзување на луѓето, туку за искуство што им го овозможувате додека се поврзуваат, додаде Томсон.

Во анкетата се опфатени 10.000 луѓе на 12 пазари во Европа, на Блискиот исток иво  Русија, како дел од студијата на „Циско“ за иднината на работните места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот