Анкета: Речиси 65 отсто од граѓаните сметаат дека ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето

Присутните сечеа заштитни маски на протестот против ковид-мерките и вакцините / 15 август 2021, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Речиси 65 отсто од граѓаните сметаат дека ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, а 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од ковид-19 се зголемувани, и се плаќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од ковид.

Ова се наодите од истражувањето на јавно мислење „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања на граѓаните“ спроведено од Институт за демократија „Социетас Цивилис” (ИДСЦС), во соработка со Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО).

Миша Поповиќ, раководител на центар и постар истражувач во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ на денешното презентирање на наодите птоенцираше дека според одговорите од анкетата, кај граѓаните постои висока дистрибуција на прифатливост на теории на заговор.

Дури 46 отсто од испитаниците сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди.

Како што рече Поповиќ, 72 отсто од граѓаните сметаат дека светот го контролираат неколку моќни семејства, односно дека на некои тајни самити во некои замоци во Европа е одлучено за тоа како ќе тече историја, кој ќе дојде на власт итн.

Исто така, 46 отсто од испитаниците се согласуваат дека климата се контролира со одредени сателити или радари, а од локалните теории на заговор, 44 отсто од испитаниците се согласуваат со тоа дека бројките за ковид-болни се зголемувани, заради тоа што се паќало за да се пријавуваат луѓето дека починале од ковид, а 46 отсто од граѓаните сметаат дека од авион се прскаат вируси и различни токсиди.

Од малку пониските бројки, во истражувањето се наведува дека 29 отсто од испитаниците сметаат дека не постојат климатски промени, а 57 отсто од испитаниците сметаат дека големите медиуми шират лаги.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот