Анкета: Разликата меѓу партиите на Борисов и Трифонов останува два отсто

Според анкета на „Алфа рисрч”, ГЕРБ-СДС би победила на парламентарните избори во Бугарија на 11 јули – 20,3%, 2% по нив останува партијата на Слави Трифонов „Има таков народ  – 18,2%, јави дописникот на МИА во Софија.

Третата политичка сила во Бугарија останува Бугарската социјалистичка партија, која влезе во почетокот на предизборната кампања со 14,4%, а потоа партијата на поранешниот министер за правда Христо Иванов „Демократска Бугарија” со 11,9%. Петта политичка сила во моментот е Движењето за права и слободи, кое доби 9,9%, „Исправи се„Мафијата надвор”, на поранешниот народен правобранител Маја Манолова би имала поддршка од 5,3%.

Според анкетата по санкциите на САД против двајца бугарски олигарси, гласот за ГЕРБ се намали за 2%, што е негов најзначаен пад за толку краток период во споредба со 4 април, кога беа одржани редовните парламентарни избори ГЕРБ почнува да губи позиции, не само во Софија, туку и во другите поголеми градови во Бугарија.

Патриотската коалиција од ВМРО/НФСБ/Волја останува со поддршка 3,4 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот