Анкета: Повеќе од половина од Каталонците изјавиле дека не сакаат независност

Повеќе од половината жители на Каталонија односно 50,5 отсто изјавиле дека не сакаат независна држава, покажуваат резултатите на каталонскиот Центар за истражување на јавното мислење (ЦЕО).

Анкетата е спроведена од 25 јуни до 21 јули, при што се испитани 2.000 жители на автономната покраина во североисточна Шпанија..

На прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава” позитивно одговориле 42 проценти од испитаниците, што е помалку од јули 2017 година, како и од февруари годинава, кога 44,9 отсто се изјаснила „за”.

Каталонската Влада во октомври 2017 година организираше референдум за независност и покрај забраната од Уставниот суд на Шпанија. Поради организирањето на референдумот девет каталонски политичари минатата година беа осудени на затворски казни од девет до 13 години.

Регионалните избори во Каталонија би можеле да се одржат на есен или на зима, а трите партии кои се залагаат за независност во моментот имаат мнозинство во Парламентот во Барселона, 70 од вкупно 135. Места.

Каталонија од 1978 година има свој Парламент, Влада, полиција, а каталонскиот е службен јазик.

Шпанската централна Влада во Мадрид е задолжена за надворешната, одбранбената и фискалната политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот