Анкета: Повеќе од половина од граѓаните нема да се вакцинираат против Ковид-19

Поголеми скептици за вакцинирањето се младите на возраст од 18 до 29 години, а позаинтересирани за вакцинирање се испитаниците над 65 години.

Повеќе од половина од граѓаните не би се вакцинирале против ковид-19, покажува новата анкета на Телма и МЦМС, изработена од агенцијата „М проспект“, која го испитува мислењето на граѓаните за тоа како Владата се справува со здравствениот аспект од ковид-кризата и каков е нивниот став за вакцинацијата.

На прашањето дали е веројатно дека би се вклучиле во доброволна вакцинација за ковид-19, мнозинството од испитаниците – 58,6 отсто изјавиле дека не е веројатно дека ќе се вклучат во вакцинација, 38,7 отсто рекле дека веројатно би се вакцинирале, а 2,6 отсто одговориле дека не знаат.

Според анкетата, мажите се позаинтересирани за вакцинација од жените, односно 43 отсто од нив рекле дека би се вакцинирале, за разлика од 33 отсто од жените и обратно – 63 отсто од жените рекле дека целосно или донекаде не е веројатно дека ќе се вакцинираат за разлика од 53 отсто од мажите.

Поголеми скептици за вакцинирањето се младите на возраст од 18 до 29 години, а позаинтересирани за вакцинирање се испитаниците над 65 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот