АНКЕТА: Пензионерите задоволни што можат и после 12 да излегуваат: Пукнавме веќе дома! (ВИДЕО)

По изречената времена забрана од страна на уставниот суд за владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години, тие од денеска можат да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне како што беше досега.

Токму поради укинувањето на забраната, денеска можеше да се забележат голем број на пензионери кои и по 12 часот беа присутни по улиците, но и во маркетите.

Екипата на „Слободен печат“ ги праша граѓаните над 67 години дали се задоволни со укинувањето на забраната, како и тоа дали сметаат дека можеби поголемата слобода на движење може да доведе до полесно ширење на коронавирусот.

Од одговорите се гледа дека пензионерите се видно задоволни со тоа што сега не постојат дополнителни рестрикции за нивното движење, но апелираат на тоа дека сите мора строго да ги почитуваат правилата, со цел работите да не излезат од контрола.

Погледнете ја целата анкета:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот