Анкета: Огромно мнозинство од студентите во САД сакаат да се вакцинираа

epa09120371 Members of the Association of the Student Center in Sarajevo protest over poor living conditions in student dormitories during the Covid19 pandemic, in front of the Cantonal Government building in Sarajevo, Bosnia and Herzegovina, 07 April 2021. Students are looking, for better conditions at a dormitory. EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Речиси 90 отсто од студентите во САД најверојатно или секако ќе се вакцинираат, се дознава од анкета на порталот „Бит д вајрус” и „Џенерејшн лаб”, изработена за Аксиос. 

Според анкетата, студентите се спремни да се вакцинираат најмногу поради тоа што сакаат да го обноват својот социјален живот.   

Триесет отсто од нив изјавиле дека главна причина е рестартирање на личните односи додека 23 отсто кажале дека причина е можноста за повторна лична посета на разни настани како спортски натпревари, концерти во живо или кафулиња. 

Анкетата била спроведена од 24 до 30 март, испрашани биле  808 универзитетски студенти. 

Се дознава дека студентите по универзитетите во САД придонеле за ширење на вирусот и дека е потребно да се вакцинацираат за пандемијата да биде ставена под контрола, пред да се прошират други мутации.  

Според бројачот на Њујорк тајмс, повеќе од 120,000 Ковид-19 случаи од почетокот на 2021 година се поврзан со универзитетите и колеџите. 

Повеќе големи универзитети веќе инсталираат објекти за масовна вакцинација во своите кампуси и ги повикуваат студентите да се вакцинираат.  Високите школи во САД можат да станат клучни места за зголемување на стапката на вакцинации.  

Од слична анкета на истражувачкиот центар „Пју” се дознава дека меѓу младите во САД, иако помалку (60 отсто), но постои ентузијазам за вакцинирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот