Анкета: Неколку дена пред изборите, повеќето Германци веќе одлучиле за кого ќе гласаат

Аналена Баербок, Армин Лашет и Олаф Шолц / Фото: EPA

Неколку дена пред изборите во Германија, нова анкета покажува дека повеќето граѓани со право на глас во земјата веќе се одлучиле која партија ќе ја изберат.

Во анкетата на YouGov, на прашањето дали донеле конечна одлука за кого ќе гласаат на изборите во Бундестагот, 74 проценти од Германците одговориле со „да”.

Истражувањето било спроведено меѓу 16 и 22 септември.

Во исто време, 15 проценти од испитаниците рекле дека ќе го направат конечниот избор подоцна, девет проценти не прецизираат и еден процент изјавиле дека не знаат.

Како одговор на тоа за која партија би гласале испитаниците, Социјалдемократите остануваат на првото место со 25 проценти, потоа конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ со 21 процент, и Зелените на третото место со 14 проценти.

Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) доби 12 проценти, про-деловните Слободни демократи (ФДП) 11 проценти, а екстремно левичарската партија Ди Линк доби 7 проценти поддршка.

Изборните анкети се само слика за мислењето во времето на истражувањето и не се прогноза за изборните резултати, нагласува ДПА.

Се очекува тесен резултат кога Германците ќе излезат на гласање во недела, а конзервативците на канцеларката Ангела Меркел се во опасност да бидат исфрлени од власт по речиси 16 години.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот