Анкета: Најопасни за безбедноста на Косово се корупцијата, невработеноста и Србија

Фото: МИА

Граѓаните беа прашани за тоа што е закана за националната безбедност. Корупцијата, невработеноста и Србија се најголемите опасности за безбедноста на Косово, според анкетираните.

Најголеми опасности по националната безбедност на Косово претставуваат корупцијата, невработеноста и државата Србија, сметаат најголемиот дел од граѓаните опфатени со истражувањето на Косовскиот центар за безбедносни студии (ЌКСС) и Белградскиот центар за безбедносни политики (БЦСП).

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, овие наоди беа објавени на денешната конференција на ЌКСС и БЦСП НА тема „Завршна фаза: Повторно започнување на дијалогот Косово – Србија“, на која беше објавен извештајот „Косовски барометар на безбедноста”, според кој 80 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека Косово се уште е соочено со опасноста од поделба.

– Граѓаните беа прашани за тоа што е закана за националната безбедност. Корупцијата, невработеноста и Србија се најголемите опасности за безбедноста на Косово, според анкетираните. Граѓаните се уште сметаат дека поделбата на Косово и Асоцијацијата (на општини со мнозинско српско население) се меѓу загрозувачите на националната безбедност. 80 отсто од Албанците и натаму мислат дека постои опасност од поделба на Косово – информира истражувачот на ЌКСС Платор Авдиу.

Според резултатите на истражувањето, 35 отсто од анкетираните Косовари сметаат дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија, воведена во ноември 2018 година, треба да остане во сила, додека 33 отсто велат дека таа треба да се замени со мерки на реципроцитет. Останатите 32 отсто сметаат дека таа треба да се укине.

Што се однесува до дијалогот меѓу Приштина и Белград, како што објави Авдиу, 50 отсто од анкетираните мислат дека тој треба повторно да започне, при што повеќето од нив сметаат дека треба да биде обусловен со меѓунасебно признавање на двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот