Анкета: На Трамп за епидемијата му веруваат околу 30 отсто од Американците

Според најновото истраживање на Универзитетот Кинипијак од Конектикат приближно 30 проценти од гласачите регистрирани во САД веруваат на информациите на претседателот Доналд Трамп за епидемијата со Ковид-19.

Тоа значи дека 67 проценти од гласачите не му веруваат на Трамп за новиот коронавирус.

Всушност само еден од тројца анкетирани изјавиле дека Трамп е искрен и ја зборува вистината.

Си-Ен-Ен објави дека е невообичаено голем број на приврзаници на Трамп да не му веруваат на претседателот.

Резултатите од анкетата на Универзитетот Кинипијак покажуваат и дека 65 проценти од регистрираните гласачи „веруваат на информациите на (главниот епидемиолог и советник на админситрацијата) Ентони Фауџи за Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот