Анкета на „Рејтинг“: Граѓаните сметаат дека Заев би бил подобар премиер од Мицкоски

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Според анкетата спроведена од Агенцијата „Рејтинг“ повеќето граѓани сметаат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев би бил подобар иден премиер од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

На прашањето кој е најважниот проблем со кој моментално се соочува земјава, граѓаните сметаат дека тоа се ниските плати и животниот стандард. Следни се криминалот и корупцијата, невработеноста, а на четврто место следат високите трошоци за живот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За тие проблеми 30 отсто од испитаниците одговориле дека подобро може да се справи Влада предводена од СДСМ, а 26 отсто рекле дека тоа е Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

 

 

На прашањето: „Кој потег, активност или мерка превземена од Владата на СДСМ во изминатите две и пол години го сметате за најпозитивен?“, предничат покачувањето на платите, минималната и просечната, а потоа напредокот во Евроатланските интеграции. На трето место е зголемувањето на социјалната помош.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Потоа агенцијата ја мерела перцепцијата на граѓаните за тоа дали Влада предводена од Зоран Заев или Влада предводена од Христијан Мицкоски би се справила подобро со различните проблеми и предизвици со кои се соочуваме како држава. Таму граѓаните во значително повисок процент сметаат дека СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија. Исто така, за 4% повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ и исто толкав процент повеќе, дека може да обезбеди поголема независност на судството.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќето граѓани негативно ја оценуваат работата на техничките министри кои ги постави ВМРО-ДПМНЕ во Владата. Дури 44 отсто рекле дека нивната работа ја оценуваат негативно, додека 35 отсто рекле дека ја оценуваат позитивно. Еден од пет испитаника не знае или нема мислење за работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот