Анкета на ИПСОС покажува низок рејтинг на партиите, најголем дел од граѓаните неопределени

СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ/Фото: Слободен печат

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведе теренска анкета на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

1. На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (*на целата популација)

• ВМРО-ДПМНЕ 19.7%
• СДСМ 9.5%
• ДУИ 6.2%
• Левица 5.9%
• Алијанса за Албанците 2.8%
• Други 4.2%
• Неодлучиле 22.5%
• Одбиле да одговорат 17%
• Не би гласале 12.2%

Овие резултати покажуваат дека повеќе од половина од анкетираните – односно  51,7 проценти не поддржуваат не се определени за ниту една од понудените политички партии, а 4,2 отсто поддржуваат други политички опции кои не се во понудените одговори на анкетата.

Во однос на резултатите од претходната анкета на ИПСОС од мај годинава, намален е рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, додека ДУИ и Алијанса за Албанците покажуваат исто расположение, а минимално покачување на рејтингот има Левица.

За ВМРО-ДПМНЕ, доколку утре се одржат парламентарни избори, би гласале 22 отсто од испитаниците, а  за СДСМ 12.9 отсто. ДУИ има поддршка од 6.2 отсто од анкетираните, Левица од 5.4 отсто, додека зад нив се Алијанса за Албанците со 2.8 отсто, БЕСА со 2 и Алтернатива со 1.3 отсто. Повеќе од 10 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат на наредните избори, 15,8 отсто од нив одбиле да одговорат.

2. На прашањето доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале? (* со push нa 48% од определената популација )

• ВМРО-ДПМНЕ 40,8%
• СДСМ 19,6%
• ДУИ 12,8%
• Левица 12,2%
• Алијанса за Албанците 5,9%
• Други 8,7%

3. Според вас кои се најзначајните проблеми со кои се соочува Република Македонија во моментов, проблеми за кои вие лично сте најмногу загрижени?

• Економија/економска состојба/финансии 20%
• Лош стандард/мали плати и пензии/ високи цени/ инфлација 16%
• Француски предлог/Бугарија 8%
• Невработеност 7%
• Политика и политичка криза/партизирано општество 4%
• Корупција/криминал 4%
• Здравство 3%
• Проблеми со идентитетот на државата 2%
• Промена на името 2%
• Сиромаштија 2%
• Иселување на младите од државата 2%
• Неизвесна иднина/несигурност/нестабилност/ нема напредок 2%
• Има многу проблеми/ општ хаос 2%
• Лоши политичари 1%
• Меѓучовечки односи/поделеност меѓу населението/дискриминација 1%
• Образование 1%
• Земјоделие/пласман на производи 1%
• Владата/тековната власт 1%
• Меѓуетнички односи 1%
• Влез во ЕУ/ евроинтеграција 1%
• Судство 1%
• Проблеми во меѓународна политика 1%
• Енергетска криза/струја 1%
• Нефункционирање на системот и институциите 1%
• Војна/ Украина / Русија/ мир 1%
• Друго 6%
• Не знам 8%

Анкетата на ИПСОС покажува дека  граѓаните најмногу се загрижени за економските проблеми, а многу малку за проблемот со идентитетот на државата, името, корупцијата, партизацијата, судството, војната во Украина, меѓуетничките односи, образованието, влез во ЕУ, меѓународна политика и слично. Речиси идентично ги загрижува невработеноста (7%) колку и францускиот предлог и проблемите со Бугарија (8%).

Анкетираните запрашени по директно за поддршка или не на францускиот предлог одговори повеќе од половина дека не го поддржуваат.

4. Дали го поддржувате или не го поддржувате францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија?

• Не го поддржувам 58%
• Го поддржувам 26%
• Одбива да одговори 16%

5. Како би го оцениле досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија со оценка од 1 до 5, при што 1 е многу лош резултат, а 5 е одличен резултат?

• Оценка 1 – 36%
• Оценка 2 – 15 %
• Оценка 3 – 20%
• Оценка 4 – 11%
• Оценка 5 – 8%
• Не знам – 10%

При испраќањето на резултатите од нарачаната анкета на ИПСОС, опозциската партија сумираше дека ВМРО-ДПМНЕ е со двојна предност над СДСМ, огромното мнозинство се против францускиот предлог, а Ковачевски е со „непролазна единица“ како премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот