Анкета: Мнозинството Јапонци сакаат откажување на Олимписките Игри

Речиси 60 проценти од јапонските граѓани сакаат Олимпијадата во Токио, која треба да започне за помалку од три месеци, да биде откажана поради пандемијата на ковид-19, покажува денеска објавената анкета.

Јапонија ја продолжи вонредната состојба во Токио до крајот на мај и се бори да го запре наглиот пораст на случаи на коронавирус, покренувајќи дополнителни прашања за тоа дали ЛОИ треба да се одржат.

Олимписките игри 2020 година беа одложени за една година поради пандемијата и тие треба да бидат отворени на 23 јули и да траат до 8 август.

Анкетата спроведена од 7 до 9 мај за дневниот весник „Јомиури Шимбун” покажа дека 59 проценти од анкетираните сакаат Олимписките игри да бидат откажани, додека 39 проценти сакаат тие да се одржат. „Одложување” не се нуди како можност за одговор.

Меѓу оние кои гласаа за одржување на Игрите, 23 проценти изјавија дека тоа треба да се направи без гледачи.

Доаѓањето на гледачи од странство е забрането, а конечната одлука за присуството на домашните гледачи ќе биде донесена во јуни. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот