Анкета: Милановиќ најпопуларен политичар во Хрватска, Пленковиќ најнегативен

Фото: Denis LOVROVIC / AFP / Profimedia

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во моментов е најпопуларен политичар во земјата, додека 48 проценти од испитаниците имаат негативно мислење за премиерот Андреј Пленковиќ, покажуваат резултатите од најновата анкета на Кробарометар за расположението на гласачите во Хрватска.

За Милановиќ 49 проценти од испитаниците имаат позитивно мислење, а 43 од нив имаат негативно, додека за Пленковиќ со позитивно мислење се 44 отсто од гласачите.

Лидерот на СДП, Пеџа Грбин, исто така ги подели гласачите, 38 проценти имаат позитивно мислење и 36 проценти негативно.

Мирослав Шкоро има речиси 35 проценти од гласачите кои мислат позитивно за него, а 55 проценти кои мислат негативно.

Последниот на таа листа е Томислав Томашевич – 35 проценти мислат позитивно за него, а 23 проценти негативно.

На почетокот на 2021 година, граѓаните сметаат дека прашањето за невработеност со 24 проценти е најголем проблем. Следува економската состојба, што е втор најголем проблем за 19 проценти од граѓаните. Третиот проблем е корупцијата, за која 12 проценти од испитаниците сметаат дека е важна за решавање, потоа прашањето на коронавирусот со 11 проценти и на петтото место е животниот стандард и ниските плати, за кои шест проценти од испитаниците сметаат дека е голем проблем.

Анкетата е спроведена од агенцијата ИПСОС врз 987 граѓани со метод на лично интервју од 6. до 21 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот