Анкета меѓу јужните соседи: Пола Грција ќе прими вакцина против ковид-19, „Нова демокртатија“ пред СИРИЗА

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Еден од двајца Грци, односно 52,1 отсто, сигурно или веројатно ќе се вакцинираат против ковид-19, додека 64 отсто од анкетираните велат дека мерките што ги воведе Владата се неефективни, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „MRB” за грчката телевизија „Стар”, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓу основните причини за вториот бран на вирусот, 48,4 отсто од анкетираните го посочиле туризмот, 42,8 проценти од испитаниците ја истакнале непослушноста на конкретни групи на граѓани, 39,6 отсто – јавниот превоз, 29,6 проценти – кафулињата, клубовите и угостителските објекти, а 24,6 проценти велат дека мерките биле задоцнето донесени.

Сепак, пола од анкетираните сметаат дека Грција подобро се справува со вториот бран на пандемијата, во споредба со други земји.

Речиси седум од десет Грци, односно 67,7 проценти одговориле дека коронавирусот се пренесува со причестување во црквите.

На политичката сцена, владејачката „Нова демократија“, според резултатите од истражувањето, е во предност од 15,9 проценти во однос на опозициската СИРИЗА, а потоа следат „Движење на промена“, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА 25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот