Анкета: Има ли дивоградби во Кисела Вода и како надлежните се справуваат со нив?

Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. започна со анкетирање на граѓаните за дивоградбите во Општина Кисела Вода, кое се спроведува во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи“.

Оттаму ги повикуваат граѓани да издвојат неколку минути и да ја пополнат анкетата, затоа што во времето кога, како што велат, институциите сериозно потфрлаат, граѓанска должност е да се биде активно вклучен во сите процеси на одлучување со цел промена на општествените состојби кои го нарушуваат квалитетот на живот.

Дивоградбите се продукт на корумпиран и нефункционален систем. Тој систем можеме да го смениме со добро познавање на законите, вршење притисок врз институциите да си ја работат работата и самоорганизирање за да ги заштитиме своите маала од нелегално градење. Нелегалното градење ја намалува вредноста на нашите имоти, ја оптоварува комуналната инфраструктура, го намалува процентот на зеленило и јавни простори и претставува ризик во ситуации на природни непогоди (земјотреси, пожари, поплави) – велат од Здружението.

Иако анкетирањето се спроведува пред се за дивоградбите во Кисела Вода, на анкетата, која е анонимна,  можат да учествуваат граѓани од сите скопски општини, а меѓу другото треба да одговорат колку се запознаени со тоа што се дивоградби, дали има и колку во нивната општина, дали некогаш пријавиле во општината дивоградба и како надлежните се справиле со тој проблем.

Резултатите од анкетата ќе бидат презентирани на завршен настан каде што ќе бидат поканети и претставници од Општина Кисела Вода, како и заинтересираната јавност.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот