7.9 C
Скопје

АНКЕТА: И за вакцината за ковид-19 се поделивме, едни со Русите, други со Американците

Додека светот е во очекување на вакцината против Ковид-19, граѓаните во Македонија се двоумат дали треба да се вакцинираат или не. Во земјава треба да пристигнат 400.000 дози од вакцината, но мислењата за тоа дали ќе биде квалитетна или не се поделени.

Граѓаните ниту за вакцината не се со единствен став. Поделеност се појави и по однос на производителот и потеклото на вакцината. Некои повеќе веруваат во руската вакцина, додека други повеќе веруваат во американската вaкцина против коронавирус.

Рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти дека во Русија е регистрирана и втората вакцина против новиот вид коронавирус (Ковид-19). Тој на состанокот со властите, на кој учествуваше преку видеоконференција рече дека добиле добри вести во однос на студиите за вакцините во Русија.

Прочитајте и...  ФОТО+ВИДЕО: Матни игри со песокта од Пчиња

-Центарот за истражувања „Вектор“ во Новосибирск денес ја регистрираше вакцината наречена „ЕпиВакКорона“ развиена против коронавирусот, рече Путин.

Агенцијата Анадолија пренесе дека во Русија започна тестирањето на потенцијалната вакцина против Ковид-19 на луѓе, што ја произведе кинеската фармацевтска компанија „КанСино“ (CanSino).

На страницата „Clinical Trials Arena“ е објавено дека руската компанија „Петровакс“ во Москва ја започнала третата фаза на клиничките испитувања на потенцијалната вакцина наречена „Ad5-NCov“.

Вакцината развиена во соработка на „КанСино“ и кинеската Воена медицинска академија, има за цел со посредство на безопасен аденовирусен вектор во човековото тело да ги пренесе генетските компоненти на Ковид-19 и да предизвика имунолошка реакција.

Според планот до јануари 2021 година треба да бидат обезбедени најмалку 300 милиони дози на вакцини . Вклучени се шест американски фармацевтски компании, како и британско-шведската фармацевтска групација Астразенека.

Прочитајте и...  САД ќе ги надоместат четирите изгубени години во борбата против климатските промени

Директорот на американскиот Национален институт за здравство, Френсис Колин, изјавуваше  дека американската вакцина против коронавирус најверојатно ќе биде регистрирана до крајот на ноември.

„Малку е веројатно дека тоа ќе се случи пред крајот на ноември, со оглед на стандардите што мора да се почитуваат. Тоа ќе биде вакцина што е тестирана според најстрогите стандарди за безбедност и ефикасност“, навел Колинс, пренесува Си-ен-ен.

ИНФОГРАФИК | Сите анти-ковид вакцини што се влезени во „финале“ на едно место: Од што се направени, колку ќе чинат и нивната ефикасност

Поврзани вести

Истрага во Министерството за правда околу обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во САД

Слободен печат

„Ја разбираме карикатурата, но Петричиќ не го разбира силувањето“: Карикатуристот ја шокираше јавноста

Слободен печат

Втор ден немири во Холандија по воведувањето на „полициски час“: Инциденти во Ротердам и во близина на Мастрихт

Слободен печат

Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Слободен печат

Шкотска ќе одржи нов референдум во мај

Срѓан Ивановиќ

Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Слободен печат

Остави Коментар