Анкета: Грците загрижени од коронавирусот, но задоволни од владините мерки

ФОТО: МИА

Повеќе се загрижени (90 отсто), отколку исплашени дека ќе се заразат со вирусот (67 проценти) согласно истражувањето за телевизијата „Open”, додека, пак, според „Скај”, најголема загриженост изразуваат лицата што се над 60 годишна возраст.

Голема загриженост за ширењето на Ковид-19 во Грција, задоволство од одлуките на владата во справувањето со вирусот и согласност со забраната за движење, изразуваат анкетираните Грци, покажуваат резултатите од двете најнови истражувања на јавното мислење спроведени од агенциите за рејтинг „Pulse” и „ Alco” за грчките телевизии „Скај” и „Open” , јави дописничката на МИА од Атина.

Грците, 78 отсто според едната и 90 проценти според другата анкета, изразуваат загриженост за епидемијата на коронавирусот во Грција

Повеќе се загрижени (90 отсто), отколку исплашени дека ќе се заразат со вирусот (67 проценти) согласно истражувањето за телевизијата „Open”, додека, пак, според „Скај”, најголема загриженост изразуваат лицата што се над 60 годишна возраст.

Во однос на мерките што ги презеде грчката Влада за забрана на движењето на граѓаните, осум од десет анкетирани и во двете истражувања даваат позитивни оценки.

Според „Alco”, 86 отсто сметаат дека владата навремено ги презела мерките, 80 проценти се многу или доста задоволни од одлуките на грчкиот Премиер, а според „Pulse” 82 отсто ги оценува позитивно одлуките и 83 проценти се (многу или доста) подготвени да прифатат проширување на веќе преземените мерки.

Различни се резултатите во двете анкети, во однос на економските мерки на владата за вработените и компаниите.

Во анкетата на „Pulse” за ТВ „Скај”, 67 отсто од испитаниците ги оценуваат позитивно мерките, додека пак во другата на „Alco” за ТВ „Open”, половина од анкетираните велат дека се недоволни мерките за вработените, а 45 отсто недоволни за компаниите.

На прашањето кој е посоодветен за премиер, 53 отсто од анкетираните во истражувањето на агенцијата „Pulse” за ТВ „Скај”, го одбрале актуелниот Премиер Кирјакос Мицотакис, а 22 проценти лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас.

Нова демократија, според истата агенција, и понатаму добива најголема доверба од граѓаните и е со предност од 23 отсто пред опозициската СИРИЗА.

Поконкретно, владејачката партија добива 45 отсто, СИРИЗА 22 проценти, а потоа следат Движење за промена со 5,5 отсто, Комунистичката партија со пет отсто, Грчко решение со 4,5 проценти и МЕРА 25 со 2,5 отсто.

Неодлучните и оние кои одбиле да одговорат се осум отсто, според анкетата за ТВ „Скај”.

Истражувањето на „Alco” за телевизијата „Open”, било спроведено во периодот од 25 март до 1 април 2020 година и анкетирани 1.000 лица, а на „Pulse” за телевизијата „Скај” меѓу 30 март и 1 април 2020 година со анкетирани 1.254 граѓани со право на глас.

И двете анкети биле спроведени преку телефонски интервјуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот