Анкета: Грците се загрижени за пандемијата, сметаат дека најлошото следува

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Речиси осум од десет Грци изразува загриженост за пандемијата, а седум од десет анкетирани смета дека најлошото следува, според истражувањата на јавното мислење спроведени од агенциите „Pulse” и „Metron Analysis” за телевизиите „Скај” и „Мега”, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето дали ќе се вакцинираат за ковид-19, пак 64 отсто, според едната и 51 според другата анкета одговориле позитивно.

Мнозинството од оние кои планираат да ја примат вакцината е на возраст од над 60, односно 65 години, според резултатите од двете анкети.

Во однос на карантинот, 76 отсто од граѓаните во анкетата за телевизијата „Скај”, сметаат дека подобро е да се продолжи, 40 проценти бараат мало продолжување и одново испитување на податоците, а 36 отсто рекле дека продолжувањето треба да биде онолку колку што е потребно.

Резултатите од истражувањето на „Metron Analysis за „Мега”, покажуваат дека за повеќе од половина (54 отсто) од анкетираните, пандемијата е најголемиот проблем во земјата, додека пак 51 процент позитивно ја оценуваат работата на Владата, а 55 отсто дале негативна оцена за економската ситуација во земјата и речиси седум од десет сметаат дека ситуацијата во следните месеци ќе се влоши.

На политичката сцена, според двете истражувања, Нова демократија е во водство пред опозициската СИРИЗА со 16,1 и 17 отсто, а анкетираните сметаат дека Мицотакис, споредбено со Ципрас е посоодветен за премиер.

Истражувањето на  „Metron Analysis за телевизијата „Мега” било спроведено од 18 до 24 ноември со анкетирани 1.205 лица, а на „Pulse” за „Скај”од 24 до 26 ноември со учество на 1.312 граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот