АНКЕТА: Грците се согласуваат со законот за забрана на пушење и укинување на студентски азил

Повеќе од половина анкетирани односно 63 отсто изјавиле дека работите во Грција во изминатите шест месеци се движат сигурно или веројатно во правилна насока, а мнозинството од анкетираните се согласуваат со законот за забрана на пушењето и со законот за укинување на студентскиот азил, покажуваат резултатите од најновата анкета, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето дали се согласуваат со имплементацијата на Законот за забрана за пушење на јавни места 75 отсто одговориле позитивно, од кои 61 процент се изјасниле дека сигурно се согласуваат, а 14 отсто дека веројатно се согласуваат.

За Законот за укинување на студентскиот имунитет 66 проценти од анкетираните рекле дека се согласни (50 отсто сигурно се согласуваат, 16 проценти веројатно).

Во однос на распоредот на силите меѓу политичките партии, Нова демократија и понатаму е во предност пред СИРИЗА со 14 отсто разлика. Поконкретно, владејачката партија има поддршка од 38 отсто од испитаниците, опозициската 24 проценти, а потоа следат Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.

На прашањето „Без оглед за кого ќе гласате, која партија сметате дека би била прва”, за Нова демократија се изјасниле 70 проценти, а СИРИЗА 17 отсто од испитаниците.

Кирјакос Мицотакис, со 45 проценти е во водство пред Алексис Ципрас (26 отсто) во однос на тоа кој од нив двајца е посоодветен за премиер.

Испитувањето на јавното мислење е реализирано од агенцијата „Пулс”, а нарачана од грчката телевизија „Скај”.  Со анкетата реализирана од 18 до 20 ноември, телефонски испитани се 1.211 граѓани со право на глас било спроведено од 18 до 20 ноември 2019, преку телефонски интервјуа со вклучени 1211 лица со право на глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот