Анкета: Граѓаните на ЕУ и даваат предност на Меркел во однос на Макрон

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

На хипотетичко прашање за кого би гласале за „претседател на ЕУ”, доколку Ангела Меркел и Емануел Макрон се единствени кандидати, повеќе од половина од испитаниците во Холандија, Шпанија и Португалија се изјасниле за германската канцеларка во заминување.

Во сите 12 земји опфатени со новото истражување, вклучително и Франција, има повеќе жители кои се за германската канцеларка Меркел отколку за францускиот претседател Макрон, само што мнозинството е помало во некои држави, објави Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР).

Генерално, 41 отсто од испитаниците би гласале за Меркел, а само 14 отсто за Макрон, се наведува во студијата на независниот тинк-тенк ЕЦФР.

Исто така, се наведува дека поддршката на Ангела Меркел се разликува од земја до земја, па на пример во Холандија е за 27 процентни поени повисока отколку во Бугарија. Анкетата покажа дека „58 отсто од Холанѓаните, 57 проценти од Шпанците и 52 отсто од Португалците би гласале за Меркел, а не за Макрон”. Од друга страна, во Бугарија, 31 отсто од испитаниците би гласале за Меркел, а 12 процента за францускиот претседател, додека останатите или нема да гласаат или не знаат за кого да гласаат. Макрон би добил најмногу гласови во Унгарија, 24 проценти, но повторно помалку од Меркел, за која 44 проценти од Унгарците би го дале својот глас на хипотетичките избори за претседател на Унијата.

Помалку од десет отсто од граѓаните во Холандија, Шпанија, Италија и Полска би гласале за Макрон.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот