АНКЕТА: Граѓаните не веруваат дека од први ќе има доволно лекови во аптеките (ВИДЕО)

Аптека / Фото: МИА

„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали веруваат дека од први наредниот месец, откако ќе се укинат квотите, ќе има доволно лекови на рецепт во аптеките и дали до сега имале проблем со тоа да најдат лек па морале да го купуваат приватно.

Од одговорите се добива впечаток дека пензионерите генерално и досега успевале да ја обезбедат својата хронична терапија, освен оние поспецифични и поскапи лекови.  Интересно е што речиси сите помлади што ги анкетиравме рекоа дека не користат лекови.

Сепак, заклучокот на поголем дел од граѓаните е дека не веруваат дека најавената реформа ќе се реализира така како што се очекува. Како што велат, многупати биле разочарани откако првично верувале во тоа што се промовирало.

Фондот за здравствено осигурување најави дека од наредниот месец се укинуваат квотите во сите аптеки во државата, со што веќе не треба да се случува пациентите да се враќаат и да мора да го купуваат лекот приватно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот