Анкета: Германците ја одобруваат одлуката за времена суспензија на вакцината на „АстраЗенека“
Повеќето Германци веруваат дека одлуката на Владата за времено суспендирање на вакцината на „АстраЗенека“ е правилна, додека трае истрагата за случаи со сериозни несакани ефекти, покажуваат резултатите од социолошкото истражување на „Форса”.
Германија и уште десетина европски земји прекинаа со употреба на вакцината, откако беа идентификувани седум случаи на згрутчување на крвта од што починаа три лица.
Анкетата спроведена по барање на РТЛ и НТВ покажува дека 54 отсто од испитаниците сметаат дека е правилна одлуката на германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Речиси 40 проценти сметаат дека реакцијата е претерана, а 39 проценти сметаат дека одлуката е погрешна.
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека ќе ги објави денеска резултатите од истрагата за случаите со згрутчување на крвта. Шефот на агенцијата Емер Кук увери дека придобивките од вакцината се поголеми од ризиците.
Подготвеноста на Германците да се имунизираат против коронавирусот се намали за два отсто и сега изнесува 71 отсто во споредба со последната студија на „Форса” од 3 март. Во најновото истражување учествувале 1.001 лице.