Анкета: Германците го почитуваат социјалното дистанцирање, но не и забраната за излегување

Фото: Архива

Студија направена од Универзитетот Манхајм покажа дека Германците драстично го смениле начинот на живот во време на кризата со  коронавирусот.

Утврдено е дека зачестеноста на средбите со пријатели во последните неколку недели е значително намалена.

Пред да се воведат рестриктивни мерки, 42 проценти од Германците се среќавале со други луѓе неколку пати неделно, а меѓу 25 и 31 март само пет проценти од нив го сториле тоа. Дури 69 проценти од Германците решиле да не се среќаваат со своите пријатели воопшто, во согласност со барањето на Владата за физичко растојание.

Од друга страна, постои критичко расположение кон ограничувањето на движењето.

Само 41 процент сметаат дека е прифатливо ограничувањето за излегување од дома.

Студијата, исто така, покажува дека околу 60 отсто од Германците продолжуваат да работат во нивните компании и само 21,2 проценти преминале на работа од дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот